Утрински Весник
Свет

Инцидент во руската компанија Вајлдберис, убиени двајца полицајци

B3.webp.webp

Во инцидент во просториите на руската компанија „Вајлдберис“ во Москва денеска се убиени двајца полицајци, а двајца се ранети.

По инцидентот уапсени се речиси 30 лица. Основачот на „Вајлдберис“ и мнозински сопственик Татјана Бакалчук ​​и нејзиниот сопруг Владислав, против кого таа покрена постапка за развод и кој имаше мал удел во компанијата, се обвинуваат меѓусебно за инцидентот.

Како што соопшти компанијата, до пукањето дошло откако група вооружени луѓе, предводени од Владислав, се обиделе насилно да влезат во канцеларијата. Владислав, пак, рече дека тој и неговите соработници не биле вооружени и дека дошле само да разговараат за бизнис, а во нив пукало обезбедувањето на придружната фирма РВБ.

Компанијата наведе дека немало план за средба со Владислав и објави видео од внатрешноста на зградата на кое се гледаат мажи како се тепаат на крајот од ходникот и се слушаат истрели.

Вајлдберис  ги објави плановите за спојување со помалата фирма за надворешно рекламирање Рус во јуни, велејќи дека целта е да се создаде платформа за дигитална трговија, а Владислав се спротивстави на спојувањето.

На крајот на јули, Татјана Бакалчук, која е најбогатата жена во Русија според магазинот Форбс, изјави дека поднела барање за развод од Владислав. Компанијата, која започна како онлајн платформа за препродажба на облека, сега испорачува различни производи – од електроника до кујнски прибор, со обрт од милијарди долари.

Можете да прочитате

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7

Во Бејрут прекин на наставата во училиштата и универзитетите до крајот на декември