По ремито меѓу Фиорентина и Аталанта (1:1) во 30. коло од Серија А во Фиренца, на стадионот „Артемио Франки“ се случил голем инцидент. Главната улога ја имал тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, кој го предизвика вториот инцидент за помалку од два месеци.
Откако на 27 февруари фрли сендвич од својот автомобил кон навивачите на Милан, по поразот од неговиот тим на гости со 2:0, 65-годишниот тренер сега отиде чекор понатаму и предизвика скандал на стадионот.
Прво се скара со фановите, а потоа физички го нападна спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде.
Тренерот на Аталанта на крајот од натпреварот им се налути на навивачите на Фиорентина, но и на управата на овој клуб.
„Расистичка публика“ и „Вие сте крадци“ се зборовите кои Гасперини им ги упатил на навивачите и управата на Фиорентина.
„Тоа не беше сѐ. Тој го плукна и удри спортскиот директор на Фиорентина“, тврди новинарот на „Република“, Матео Довелини, кој додаде дека сето тоа го видел со свои очи.
По ова реми, Аталанта е шестопласирана на табелата со 49 бода и е сѐ подалеку од четвртото место кое води во Лигата на шампионите.