Утрински Весник
Свет

Инаугурацијата на Путин на 7 мај

Putin1.jpg

Централната изборна комисија на Русија денеска ги објави конечните резултати од претседателските избори, според кои Владимир Путин освоил 87,28 отсто од гласовите и со тоа е избран за нов шестгодишен мандат, до мај 2030 година.

Комисијата објави дека кандидатот на Комунистичката партија на Русија Николај Харитонов освоил 4,31 отсто, додека Владислав Даванков од Новата народна партија и лидерот на ЛДПР Леонид Слуцки се на третото и четвртото место со 3,85 отсто и 3,2 отсто.

Според законот, инаугурацијата на шефот на руската држава треба да се одржи на 7 мај.

Можете да прочитате

Гутереш „шокиран“ од насилството врз демонстрантите во Иран

Кина со прва реакција на изјавите на Трамп за Гренланд

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови