Утрински Весник
Македонија

Ина Многуфина до Лекарска комора: Ваша е бруката за лиценцата на д-р Кузмановски

Kirmizi renkli ui saglik ve zindelik bio link web sitesi 1024x576 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Инфлуенсерката Ина Многуфина на социјалните мрежи реагира на најавата на Лекарската комора за процесот на враќање на лиценцата на доктор Кузмановски.

„Не мора да правите позитивен ПР од тоа што Лекарска Комора одлучила докторот со пријава за закани врз жена, корисник кој работел без лиценца, да помине обука и тест пред да се одлучеле за лиценца. Обуката и тестот се стандардна процедура на комората за повторно стекнување на лиценца. Буквално ги поминува и тој што не се дрогира и тој што не се заканува на жени, а сите на кои им е истечена. Не ја вртете веста накај победа, јасно е дека нема да му ја одземат туку тивко ќе протнеме нормализирање на тој однос во здравството и понатака секој еден што ќе влече ќе го третираме исто додека му дозволуваме да не лечи и да го плаќаме. Нема позитивен ПР за ова, нека не ве лаже никој Лекарска Коморо дека ќе се спинува веста и дека ќе протнете општо мислење дека ние еве го искаравме опасни сме. Не сте опасни Лекарска, разочарување сте. Секогаш кога имате можност да застанете со народот буквално наоѓате начин како да разочарате. И за Јилдиз и за ова. Терајте, ваша брука е, вие го валидизирате“ стои во нејзината објава.


Можете да прочитате

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи

Николовски: ИПАРД програмата официјално стопирана во Македонија

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух