Утрински Весник
Македонија

Именувана директорка со кривична пријава… Поранешен економски директор стана консултант на неговиот братчед – директор

Taravari Mia.jpg

Министерот за здравство Арбен Таравари за директорка ја поставил и Севдија Коха во болницата во Дебар која пак од МВР доби кривична пријава за употреба на документ со невистинита содржина.

Според билтенот на МВР, Коха набавила лажен меѓународен сертификат по англиски јазик од Бугарија и со него аплицирала за директорската позиција во дебарската болница. А денеска Здравствен дом Скопје доби нов директор. Разрешен е доктор Виктор Исјановски а на негово место ќе биде поставен член на Алтернатива кој според информациите е советник во Општина Бутел и не е лекар.

Вчера Левица обвини дека Алајдин Мемети екс економскиот директор на Детската клиника станува консултант по медицина, и тоа на неговиот братучед кој сега е назначен за директор на истата здравствена установа. Ресорниот министер Таравари, не гледа ништо спорно во овие случаи.

„Доколку некој смета дека некој од поранешните економски директори бил некаков експерт и смета дека треба да го земе како негов советник тоа е негова работа.“ – изјави Таравари.

Здравствениот сектор, односно болниците повеќе немаат економски директори. Владата со закон ја укина оваа функција како една од рефрмите во здравството.

Но, директорките позиции во здравствените установи, и натаму остануваат можност за пазар помеѓу владеачките партии. Тоа е една од причините што докторката фела масовно го напушта јавното здравство и се сели во приватните болници или пак во странство. А сите извештаи на меѓународните институции покажуваат дека токму здравството е пренатрупано со патриски војници.

Извор:24.мк

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара