Утрински Весник
Македонија

Има чесни луѓе, 32 годишен тетовец пронашол торбичка со пари и ја вратил на сопственикот

Приведени две лица во липковско, кај нив пронајдени фалсификувани пари

Тетовец нашол торбичка во која имало пари во динари и во евра, банкарски картички, клучеви и лични документи. Тој ја предал на полицијата и побарал да го пронајде сопственикот и да му го врати загубеното.

Торбичката од невнимание му испаднала на скопјанец, кој патувајќи по автопатот кон Тетово застанал на бензинска пумпа. Полицијата веднаш почнала со потрага по сопственикот на торбичката и го пронашла за околу три и пол часа. Тој бил жител на Скопје кој патувал кон Охрид, најверојатно за дочек на Новата година.

„На 31 декември 2023 година во 10 часот и 45 минути на патролна служба пред влез на Тетово кај клучка Север ѝ пришло лице кое носело торбичка и информирало дека ја нашло на бензинска пумпа. По преземени мерки, полициски службеници околу 14 часот и 20 минути го нашле сопственикот и му го вратиле сето тоа. СВР Тетово ја поздравува постапката на тетовецот и апелира граѓаните да го следат овој пример“, велат од СВР Тетово

Можете да прочитате

(Видео) Верниците го дочекаа Велигден во Охрид

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме

Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД