Милијардерот Илон Маск во вторникот ја соопшти својата одлука да се повлече од функцијата извршен директор на „Твитер“, откако во понеделникот загуби на анкетата на платформата во која ги прашуваше корисниците дали треба да поднесе оставка од функцијата.
Кога ја објави анкетата, Маск им порача на корисниците дека ќе ја почитува нивната одлука.
„Ќе поднесам оставка од функцијата главен извршен директор штом најдам некој доволно глупав за да ја прифати функцијата“, изјави Маск како одговор на анкетата спроведена на социјалната мрежа, која резултираше со 57.5 отсто од гласовите за негово повлекување.
Тој додаде дека штом ќе најде личност која ќе го наследи, ќе управува само со софтверските тимови, како и со серверите.