Утрински Весник
Магазин

Илон Маск ангажирал нова извршна директорка на „Твитер“

Илон Маск ангажирал нова извршна директорка на „Твитер“

Илон Маск во четвртокот соопшти дека нашол замена за нов извршен директор на „Твитер“.

dobivaj vesti na viber

„Возбуден сум што можам да објавам дека вработив нова извршна директорка за Икс/Твитер. Таа ќе започне за 6 недели!“ твитна Маск.

„Мојата улога ќе премине на местото извршен претседател и технички директор, надгледување на производи, софтвер и системи,“ додаде тој во твитот.

Милијардерот роден во Јужна Африка наведе дека неговата замена на чело на гигантот на социјални мрежи ќе ја започне работата за околу шест недели.

Маск стана сопственик и главен извршен директор на Твитер кон крајот на октомври. Тој во декември најави во твит дека ќе се повлече од функцијата извршен директор „штом најдам некој доволно глупав да ја преземе работата“.

Можете да прочитате

Овие три куќни апарати ја покачуваат сметката дури и кога не ги користиме, а сите ги имаме во домот

Пресвртна точка веќе на 1 јануари: Два знака влегуваат во 2026 година со најголеми шанси за успех и големи пари

Жена дала 100.000 евра и го чекала „Бред Пит“ три недели во хотел