Утрински Весник
Свет

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади

Uu 2.webp.webp

Апликацијата „Телеграм“ пред четири дена почна да презема мерки за спречување на пораки со повици на терористички напади, соопшти денеска основачот на месинџерот Павел Дуров.

„Како резултат на тоа, беа стопирани десетици илјади обиди за испраќање такви пораки, а илјадници корисници кои учествуваа во овој флеш моб се соочија со трајно блокирање на нивните профили на Телеграм“, напиша тој на својот канал на „Телеграм“.

Дуров истакна дека почнувајќи од следната недела, сите корисници од Русија, Украина и Белорусија ќе можат да го ограничат кругот на оние кои можат да им испраќаат приватни пораки.

Според него, ќе се воведат решенија базирани на вештачка интелигенција за поефикасно филтрирање на таквите несакани пораки.

„Телеграм не е место за испраќање неовластено пошта и повици на насилство“, нагласи Дуров

Можете да прочитате

Украина ѝ се извини на Грција за поморскиот дрон кај Лефкада

Папата Лав XIV во посета на Шпанија

Израелски војници убиле седуммесечно бебе на Западниот Брег