Утрински Весник
Свет

Илјадници луѓе чекаат на ред да и оддадат почит на британската кралица во Лондон

Илјадници луѓе чекаат на ред да и оддадат почит на британската кралица во Лондон

Илјадници луѓе веќе чекаат ред пред Вестминстерската сала во Лондон, каде денеска од 17 часот ќе можат да поминат покрај ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора и да му оддадат почит, а се очекува до понеделник, На 19 септември, стотици илјади да го сторат тоа, пренесува АП.

dobivaj vesti na viber

Ковчегот со телото на кралицата, која почина во Шкотска на 8 септември на 97-годишна возраст, синоќа е пренесен во Бакингемската палата, а по свечената поворка во центарот на Лондон, ќе биде пренесен во Вестминстерската сала, најстарата зграда на британскиот парламент, каде што ќе биде до 6:30 часот наутро во понеделник на 19 септември, кога е закажан погребот.

Затворениот ковчег ќе биде завиткан во кралско знаме, а ќе биде подигнат на платформа со воена стража која постојано ќе стои покрај него.

Круната и другите ознаки на суверенот, во согласност со традицијата, ќе бидат поставени на врвот на ковчегот.

Вчера во Единбург десетици илјади луѓе се простија од кралицата Елизабета во катедралата Сент Гилс, пред ковчегот со телото на кралицата да биде пренесен од Единбург во Лондон во вторникот вечерта.

Неговиот лет го следеле повеќе од пет милиони луѓе, објави сајтот за следење на воздушниот сообраќај „Флајрадар 24“,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“

Јапонски министер поднесе оставка откако рече дека не купува ориз затоа што го добива бесплатно

Русија распоредува десетици авиони и стотици шатори крај границата со Финска