Утрински Весник
Спорт

Играчи и навивачи тргнале во линч на фудбалски судии во Тетово

Играчи и навивачи тргнале во линч на фудбалски судии во Тетово

Фудбалерите и навивачите на Беса од Челопек тргнале да ги линчуваат судиите во општинската лига на Тетово на гостувањето во Брвеница кај Вардар. Само брзата реакција на полицијата спречила поголем инцидент и физички напад над судиите и делегатот, објави МВР.

dobivaj vesti na viber

Според полицискиот извештај, фудбалерите и навивачите на Беса биле револтирани од една судиска одлука, па тргнале во линч на арбитрите и делегатот. Натпреварот не се доиграл.

„Вчера (9 април) во СВР Тетово пријавено е дека во текот на второто полувреме од првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Вардар од Брвеница и Беса од Челопек, незадоволни од донесената судиска одлука, четириесетина навивачи и резервни играчи на Беса влегле на теренот и се обиделе физички да се пресметаат со судиите и делегатот на натпреварот. Со интервенција на полициските службеници на СВР Тетово, тие биле спречени во намерата, но продолжиле да се однесуваат агресивно, по што натпреварот е прекинат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и за санкционирање на инволвираните“, објави МВР.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД