Утрински Весник
Економија

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците

Market 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за економија и труд идната недела ќе прави анализа на цените на производите на крајот на минатиот месец и почетокот на месецов за да утврди дали имало поскапување и девијантно однесување од страна на трговците. 

– Идната недела ќе ги анализираме податоците за цените од крајните денови на декември и првите денови од јануари и ќе бидете известени дали има девијантно однесување од трговците или зголемување на цените. Ќе бидете известени како ќе  постапиме, рече денеска на новинарско прашање министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

На прес-конференција по повод стартот на примената на Законот за работно ангажирање на лица министерот посочи дека со овој закон ќе се намали невработеноста и оти пензионерите, студентите,  корисниците на социјална помош, ќе можат да бидат вработени во текот на годината не повеќе од шест месеци.

Прашан дали ќе има прочистување на списокот во Агенцијата за вработување каде има невработени кои земаат социјална помош а неприфаќаат вработување, наведе дека со новиот закон што е во сила тие нема да ги губат правата како невработени, но ќе имаат можност да бидат вработени во дејностите земјоделство, рибарство, шумарство, угостителство. 

Според направените анализи на Министерството за економија, со примената на законот се очекува формализација на 12 000 сезонски работници во земјоделството и околу 5 400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите.

Можете да прочитате

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, заклучно со април 2026 нема да има пензија под 15 илјади денари

Невработени, студенти, ученици и пензионери, ќе можат да бидат ангажирани без губење на веќе стекнати права