Утрински Весник
Свет

ИДФ прави планови за можна нова офанзива во Газа за разоружување на Хамас, објави „Тајмс оф Израел“

Gaza Izrael.jpg

Израелските одбранбени сили (ИДФ), четири месеци по стапувањето во сила на примирјето со палестинското милитантно движење Хамас, прават планови за можна нова офанзива во Појасот Газа со цел разоружување на тоа движење со употреба на сила, пишува денес „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на извори.

Во случај на обновување на конфликтот, според изворот на весникот, борбите би можеле да бидат поинтензивни и пошироки отколку во претходните рунди, со оглед на тоа што израелските сили веќе нема да бидат ограничени поради присуството на заложници на територијата на Газа.

Како што се наведува, во последните недели, Јужната команда на ИДФ подготвувала планови за низа можни операции во Газа, доколку политичкото раководство одлучи за воено разоружување на Хамас. 

Можете да прочитате

Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк

Французин осомничен за силување на повеќе од 89 малолетни лица

Дигиталните технологии се развиваат побрзо од системите за заштита, децата се најмногу изложени на ризици