Утрински Весник
Свет

ИДФ елиминирале член на Хезболах во Сирија кој давал разузнавачки информации

20241010071435 Big 730x400 66.webp.webp

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека елиминирала припадник на Хезболах во Сирија кој давал разузнавачки информации на штета на Израел.

Израел изврши воздушни напади врз индустриска локација во сирискиот град Хомс и воена локација во село во близина на градот Хама, јави утринава сириската државна телевизија.

Погодена е и фабрика за производство на автомобили во индустриска локација во Хомс, што предизвика пожар, а противпожарните екипи во моментов работат на негово гаснење, јави сириската телевизија, цитирајќи го директорот на индустриската локација, Амер Калил.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина