Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ИЈЗ: Регистрирани два нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Korona.jpeg
Img 7972

Два нови случаи на Ковид-19 се регистрирани изминатата недела – од 24 до 30 март, соопшти попладнево Институтот за јавно здравје на Македонија.

Тестирани биле вкупно 213 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-ков-2 (SARS-CoV-2), за 1,8 проценти помалку во однос на минатата недела.


„Во текот на 2025 година, а заклучно со 30 март, регистрирано е вкупно 31 заболено лице. Бројот на заболени лица во месец март 2025 година е за три помал во однос на месец февруари 2025 година. Во текот на 2025 година, а заклучно со 30 март, тестирани се вкупно 3.973 материјали, во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање за присуство на САРС-ков-2 и во лабораториите – здравствените установи каде се спроведува брз антигенски тест“, појаснуваат од Институтот.

Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања.

„Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка, обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход – како што се повозрасните лица“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму