Утрински Весник
Македонија

И Васко Ковачевски и други 10 лица опфатени со денешната истрага за нелегална набавка на деривати

Vasko Kovacevski 960x641 1.jpg

МВР и Јавното бвинителството за организиран криминал и корупција денеска извршиле претреси на повеќе локации во врска со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет

Според неофицијални информации приведен е бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ а во истрагата опфатен е и неговиот бизнис партнер Ерџaн Сулковски, како и сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски.


Сепак покрај овие три, има уште 10 имиња кои се опфатени во оваа истрага.

24инфо.мк дознава дека во неа се опфатени и екс директорите на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и Адријан Муча како и други лица вработени во АД ЕСМ но и од фирмите кои нелегално набавувале и доставувале деривати.

За сега нема информации колку лица се приведени и дали се однесени кај судија на претходна постапка.

Истовремено, најмалку едно од лицата од денешната истрага е опфатено и во предметот „Адитив“ и истото се наоѓа во затворски притвор од претходно,

Можете да прочитате

Скопје денеска на петто место по загаденост во светот

СДСМ: Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски

ЗНМ и ССНМ: Каква било резолуција не смее да влијае на новинарската слобода на изразување