Утрински Весник
Свет

И Уганда прогласи жариште на ебола

20221104020104 big 730x400 58.webp.webp

И соседната држава на ДР Конго, Уганда, денеска потврди дека на територијата на земјата има жариште на смртоносниот ебола вирус, соопшти Министерството за здравство на африканската земја.

Надлежното министерство прецизираше дека станува збор за сојот Бундибугјо.


Еден пациент починал од ебола на одделение за интензивна нега вчера, откако „развил хеморагични симптоми.

Министерството за здравство на Уганда појасни дека заразата е пренесена од ДР Конго.

Африканскиот центар за контрола и превенција од болести (ЦДЦ) денеска соопшти дека во провинцијата Итури во Демократска Република Конго потврдена е епидемија на ебола.

Поради избивање на епидемијата ЦДЦ свика итен состанок. ЦДЦ наведе дека е загрижен поради ризикот од понатамошно ширење поради урбаната средина на Бунија и Рвампара, големото движење на населението и мобилноста поврзана со рударските активности во Монгбвалу.

Болеста предизвикана од вирусот ебола е тешка и често со фатални последици. Се шири преку директен контакт со телесните течности на заразените лица, контаминирани материјали или преку луѓе кои починале од болеста.

Можете да прочитате

Германската полиција ги чува ограбените продавници во Франкфурт

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути

САД ја известиле Москва за закана од терористички напад со многу жртви