Саудиски Ал Шабаб испратил понуда за црногорскиот репрезентативец од Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ, објави „Лекип“.
Понудата од Саудиска Арабија, пристигна во моментот кога се чинеше дека мадридски Атлетико ја формираше одбраната за новата сезона.
Иако има 32 години, Савиќ и понатаму е исклучително важен за одбраната на тимот на Диего Симеоне и сигурно е дека „јорганџиите“ ќе бараат голема оштета.
Од друга страна, поранешниот играч на Партизан веќе има 32 години и има само уште една сезона од договорот, па ова може да биде добра можност Атлетико да заработи од неговито трансфер.
Атлетико моментално ги има Сантијаго Мурин, Цезар Аспиликуета, Реиналдо Мандава, Марио Ермосо, Хозе Марија Хименез, Каглар Сојунџу и Аксел Витсел, кој може да игра и како централен дефанзивец, во својот тим.
Савиќ е во Атлетико од 2015 година, а претходно играше за БСК Борча, Партизан, Манчестер сити и Фиорентина. Со Атлетико беше шампион на Шпанија, освојувач на Лигата на Европа и Суперкупот на Европа, како и финалист во Лигата на шампионите.
Рубен Невес, Калиду Кулибали, Малком, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Секо Фофана, Алекс Телес, Марцело Брозовиќ, Кристијано Роналдо, Андерсон Талиска, Карим Бензема, Нголо Канте, Жота, Едуард Менди, Роберто Фирмино, Џордан Хендерсон, Муса Дембеле…веќесе дел од шампионатот на Саудиска Арабија.