Утрински Весник
Македонија

И покрај сознанијата на Мицкоски за можна дестабилизација на државата, Давкова нема да го свика Советот за безбедност

Si Anovska Davkova.webp.webp
Dik 300x250 mk

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова не планира да го свика Советот за безбедност по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека ДУИ оваа есен може да преземе чекори за дестабилизација на државата.

Ова за „360 степени“ го соопштија од кабинетот на претседателката на државата.

Вчера попладне испративме прашања до кабинетот на претседателката по повод наводите што Мицкоски ги изнесе прво во интервју за неделникот „Фокус“, а потоа и на прес-конференцијата со косовскиот колега Албин Курти.

Прашањата што ги испративме беа: „Дали во врска со овие информации претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова планира да го свика Советот за безбедност? Дали вакви информации поседува и кабинетот на претседателката?“

Од кабинетот ни одговорија денеска попладне и тоа мошне кусо:

„Почитувани, одговорот на вашето прашање е: не“.

Инаку, како што е наведено и на официјалната веб-страницата на претседателот на државата, Советот за безбедност е највисокото советодавно тело на Република Северна Македонија кое ги разгледува прашањата поврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози до Собранието и Владата.

Можете да прочитате

ДИК одзела осум акредитации на домашни набљудувачи

Излезеноста до 15 часот е 27,19%

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците: јавноста има право да знае!