Утрински Весник
Свет

И покрај противењето на Турција, Финска и Шведска сè уште сакаат заедно да се приклучат на НАТО

И покрај противењето на Турција, Финска и Шведска сè уште сакаат заедно да се приклучат на НАТО
Ss2

Финска и Шведска остануваат посветени на истовремен пристап во НАТО и покрај противењето на Турција на кандидатурата на Шведска, рекоа премиерите на двете земји. Турција истакна дека би можела да ја одобри апликацијата на Финска за членство во НАТО пред апликацијата на Шведска, но финскиот претседател и министерот за надворешни работи ја отфрлија идејата, велејќи дека безбедноста на двете нордиски земји е меѓусебно зависна.

dobivaj vesti na viber

„Не ми се допаѓа оваа атмосфера, позицијата каде што Шведска е претставена како проблематично дете во класот. Мислам дека не е така“, рече финската премиерка Сана Марин на заедничката прес-конференција со шведскиот колега Улф Кристерсон во Стокхолм.

300x250 (7)

„Шведска исто така ги исполнува сите услови за членство во НАТО“, додаде таа. Кристерсон рече дека неговата земја продолжува да се придржува до трилатералниот договор за пристап во НАТО, потпишан минатата година од Шведска, Финска и Турција.

„Заедно тргнавме на ова патување и заедно сме на патот кон членство“, рече Кристерсон, мислејќи на напорите на Шведска и Финска да се приклучат на воената алијанса.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата за прв пат стави до знаење дека турскиот парламент може да го ратификува пристапниот договор на Финска, но не и на Шведска, иако тие заедно го започнаа процесот на пристапување.

Тој ја обвинува Шведска дека не екстрадирала десетици осомничени кои Анкара ги поврзува со курдските терористички групи и неуспешниот обид за пуч во 2016 година.

Ss1

Можете да прочитате

Избеганите коњи на британската гарда повредиле четири лица додека галопираа низ центарот на Лондон

Хамас објави снимка од заложник киднапиран пред повеќе од 200 дена, му недостасува дел од раката

Војската на Буркина Фасо масакрирала 223 селани во одмаздничка акција