Утрински Весник
Свет

И покрај протестите, Трамп бара најмасовна депортација во историјата

Protesti tramp 1.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп повика на масовна акција за апсење и протерување на недокументирани мигранти, оценувајќи ја како „најголемата програма за масовна депортација во историјата“.

Во објава на неговата платформа Трут Соушл (Truth Social) доцна синоќа, Трамп ги повика федералните агенти од Службата за имиграција и царина (ICE), како и други институции, да направат сè што можат за да ја спроведат оваа иницијатива, особено во градовите предводени од демократите – Лос Анџелес, Чикаго и Њујорк.


Овој цврст курс предизвика масовни протести во повеќе американски градови. Тензиите дополнително се зголемија кога Трамп распореди припадници на Националната гарда и маринци во Лос Анџелес, на што се спротивстави гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој се смета за можен претседателски кандидат во 2028 година.

Масовните депортации беа едно од клучните ветувања во кампањата на Трамп. Од преземањето на функцијата, неговата администрација организираше акции за апсење, со редовни соопштенија и фотографии, како дел од стратегијата за истакнување на имиграциската политика.

Проценките велат дека околу 11 милиони лица живеат без документи во САД, а многумина од нив работат во клучни сектори како земјоделство, градежништво и угостителство.

Во четвртокот, Трамп направи мала корекција, посочувајќи дека би можеле да се изземат работниците во земјоделскиот и хотелскиот сектор. Според Њујорк Тајмс, оваа промена доаѓа по телефонски повик од министерот за земјоделство Брук Ролинс, кој го информирал Трамп за загриженоста кај земјоделците.

Можете да прочитате

Инцидент на карневал во САД: Убиени три лица, меѓу кои и бебе

Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија – програмата прекината

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран