Утрински Весник
Економија

И поглаварот на МПЦ повика на штедење на електричната енергија

И поглаварот на МПЦ повика на штедење на електричната енергија

 

dobivaj vesti na viber

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оставри средба со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан.

На средбата се разговараше за енергетската криза која што ја зафати не само Македонија, туку и цела Европа, како и за мерките кои ги превзема Владата со цел полесно справување, соопштија од прес-центарот на Министерството за економија.

Бектеши го информираше поглаварот на МПЦ за мерките и препораките на Владата за штедење на електрична енергија за институциите, домаќинствата и за бизнисот.

„Ситуацијата со енергетската криза со која се соочуваме е сериозна и апелираме до сите граѓани да придонесат секој на свој начин полесно да го пребродиме периодот кој што следи. За нас е важна поддршката од верските заедници во државата се со цел да се подигне свеста кај граѓаните во овој тежок период што следува сите заеднички да заштедиме електрична енергија со тоа да и помогнеме на државата. Доколку има недостаток на електрична енергија ќе треба да се купи од надвор по многу повисока цена, а тоа повторно ќе биде на трошок на сите граѓани“ кажа министерот Бектеши.

Архиепископот Стефан, пак, изјави: „Црквата и досега силно апелира до своите верници да покажат грижа за општото добро во овие трудни времиња. На наредната седница на Светиот архиерејски синод, која ќе се одржи следната седмица, се очекува да се состави и официјално, јавно соопштение во кое сите свештени лице ќе бидат повикани на локално ниво, во своите парохии, да им укажуваат на верните чеда на МПЦ за насушноста од штедење, зашто само така ќе си помогнеме и себеси, но и на нашата држава во целост“.

Двајцата се согласиле дека е важно во овој период сите рационално да трошат електрична енергија и упатија порака порака дека во оваа криза сите треба да бидеме свесни и да штедиме. Да не се троши струја непотребно, да го разбереме времето во кое живееме затоа што никој неможе да ни помогне во кризни времиња ако ние самите не си помагаме.

Можете да прочитате

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

НБ и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во Македонија

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори