Утрински Весник
Македонија

И Максим Димитреиевски ќе биде на стартната линија за претседателската трка

131006ponedelnik11januari2021maksim.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Максим Димитериевски е кандидатот за претседател на Македонија на Движењето „ЗНАМ – за наша Македонија“ на претстојните претседателски избори, соопшти портпаролот на партијата, Никола Мемов, на денешната прес-конференција. Тој нагласи дека на Македонија ѝ е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. „На Македонија ѝ се потребни предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда, иднина. На Македонија ѝ е потребен Максим Димитриевски“, нагласи Мемов. Како што додаде, на овие избори граѓаните на Македонија првпат ќе имаат можност да го дадат својот глас за одредена опција, а не како досега да гласаат против. „Крајно време е да се случи вистинската промена на политичката сцена во Македонија“, рече тој. Мемов посочи дека од утре почнуваат постапката за собирање потписи и граѓанската поддршка на кандидатот за претседател и додаде: „Ги повикуваме граѓаните да се охрабрат и масовно да ја поддржат кандидатурата на Максим Димитриевски за претседател со давање потпис во општинските канцеларии на Државната изборна комисија. Запрашан кои се очекувањата на изборите, Мемов рече: „Очекуваме победа. Партиската аналитика ни говори дека нашиот кандидат за претседател со сигурност ќе влезе во вториот круг, а потоа и конечна победа“.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен