Утрински Весник
Свет

И Горниот дом на италијанскиот парламент и изгласа доверба на владата на Мелони

Џорџа Мелони ѝ порача на Украина дека може да смета на неа

Горниот дом на италијанскиот парламент ѝ изгласа доверба на новата влада на премиерката Џорџа Мелони.

dobivaj vesti na viber

Пратениците на Долниот дом и изгласаа доверба на новата влада во вторникот вечерта. Во Сенатот синоќа 115 пратеници се изјаснија за новата коалициска влада на Мелони, додека 79 беа против, а пет беа воздржани, пренесува АП.

Во вторникот, во своето прво обраќање во парламентот, Мелони рече дека новата италијанска влада нема да прифати уцена од рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека земјата се соочува со некои од најтешките предизвици од Втората светска војна.

Мелони во своето обраќање во парламентот рече дека нејзината националистичка, десничарска коалиција ќе направи нејзиниот глас да се слушне во Европа и дека не и треба никаков надзор од странски влади. Таа нагласи дека ќе ја продолжи политиката на поранешниот премиер Марио Драги во поддршката на Украина во конфликтот со Русија.

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници