Утрински Весник
Македонија

И Евреите ќе влезат во Уставот со измените за Бугарите, најави Ковачевски

И Евреите ќе влезат во Уставот со измените за Бугарите, најави Ковачевски

И Евреите ќе бидат внесени во македонскиот Устав со измените кои претстојат, најави премиерот Димитар Ковачевски. Собранието ќе гласа измени на Уставот за во него да бидат додадени Бугарите како услов Македонија да ги продолжи пристапните преговори со Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

„Јас пред оваа прес-конференција имав состанок со претставници на Кнесетот, на израелското собрание. Тие се тука во Владата и во наредните два дена ќе бидат присутни тука по повод одбележувањето на 80-годишнината од сеќавањето на депортираните Евреи од Македонија во логорот на смртта, Треблинка. Се работи за 7.144 Евреи од Македонија кои од страна на фашистите биле транспортирани и убиени во Треблинка. Тоа се историски факти, не може некој да ги менува тие факти дека фашистите ги транспортирале Евреите во Треблинка. Не може да има дискусија по таа основа. Еврејската заедница кај нас е исклучително значајна заедница. Јас сум кажал, исто така и нашите коалициони партнери, дека при уставните измени и Евреите ќе бидат една од заедниците кои што сметаме дека треба да бидат дел од нашиот Устав“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дали најавените дебати за историските факти на Евреите во Македонија можат да ги закочат уставните измени и пристапниот процес.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

МВР со засилени контроли во 66 угостителски објекти и казина – приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа