Утрински Весник
Македонија

И ДЕНЕШНИОТ ДЕН ЌЕ БИДЕ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ: Сепак, попладне, особено во источните предели се очекува локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме

1723805459 T2m 025 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денешниот ден (петок) во Македонија повторно ќе биде екстремно топол, па така насекаде низ државава температурите ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни предели, како и во Скопската котлина температурата повторно може да надмине и 40 степени.

Сепак, во попладневните часови, особено во источните предели се очекува локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.

За време на овој викенд пак, како и во почетокот на следната седмицаf на многу места во Македонија ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има  и појава на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења  и со појава на град. Детална анализа околу ова очекувајте во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор