Утрински Весник
Свет

АУ прогласи вонредна ситуација за јавното здравје поради мпокс во цела Африка

20240816113933 Big 730x400 36.webp.webp

Африканска унија (АУ) прогласи вонредна ситуација за јавното здравје на целиот континент поради брзото ширење на вирусот мпокс (мајмунски сипаници).

Во најнаселената африканска држава, Нигерија годинава откриени се вкупно 39 случаи на вирусот мпокс.

Директор на Центарот за контрола на болести во Нигерија (НЦДЦ), Џиде Идрис истакна дека нема смртни случаи, но оти се размислува за вакцинација за високоризичните групи.

Тој додаде дека Нигерија очекува да добие 10,000 дози од вакцината „Џинеос“ (Jynneos). Нигериската Влада подготви формулар за здравствена изјава за меѓународните патници за да спречи ширење на вирусот.

Можете да прочитате

Принцот Хари за 40. роденден ќе добие над 4,7 милиони евра од неговата баба Елизабета

Санија Ахмети пукаше во слика на Богородица со Исус (ФОТО)

Израел ја нападна Сирија – 24info.mk