Утрински Весник
Спорт

И Бернардо Силва го напушта Манчестер Сити?

И Бернардо Силва го напушта Манчестер Сити?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера Жоао Кансело, а денес најверојатно и Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити. Оваа вест доаѓа од доверливиот португалски новинар Педро Алмеида, кој ексклузивно откри дека Бернардо Силва денеска би можел да го напушти Манчестер Сити по истата формула како Жоао Кансело.

dobivaj vesti na viber

Ситуацијата е сосема слична, ова лето Силва беше незадоволен што остана, сакаше да замине во Барселона, која немаше пари да го донесе.

Силва прифати да остане, играше квалитетно до Светското првенство, а потоа повторно „исчезна“.

Во 2023 година, Пеп Гвардиола повеќе му веруваше на тандемот Де Брујне – Гундоган во клучните натпревари, додека на десната крилна позиција каде играше и Силва, повторно дојде во прв план Ријад Марез.

Бернардо Силва би можел на позајмица, како најзаинтересиран клуб во изминатиот период се споменуваше Барселона, но во игра исто така е и Пари Сен Жермен.

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025