Утрински Весник
Свет

Хутите тврдат дека погодиле американски трговски брод во Црвеното Море

Picture 19 660x397 1.jpg

Хутите во Јемен тврдат дека погодиле американски трговски брод во Црвеното Море. Тие велат дека нападнале брод KOI управуван од САД.

Компанијата за поморска безбедност Амбри соопшти дека бродот што пловел јужно од јеменското пристаниште Аден пријавил експлозија. Во меѓувреме, САД започнаа нови воздушни напади во Јемен. Како што велат, таргетирале 10 дронови кои наводно се подготвени за лансирање. Хутите ги сметаат сите израелски, американски и британски бродови за легитимни цели.

Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сареа, рече дека вооружените сили на движењето го гаѓале американскиот трговски брод со „неколку поморски проектили“.

Бродот, рече тој, пловел кон „пристаништата на окупираната Палестина“, термин што Хутите понекогаш го користат за Израел. „Јемен нема да се двоуми да возврати на британско-американската ескалација. Сите американски и британски бродови во Црвеното и Арапското море се легитимни цели на јеменските вооружени сили се додека американско-британската агресија против нашата земја продолжува“, рече портпаролот на Хутите.

Можете да прочитате

Украина ги соборила сите дронови што Русија ги користела за да го нападне Киев ноќеска

Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја затресе Аргентина