Утрински Весник
Свет

Хутите нападнаа уште еден брод во близина на брегот на Јемен

Еден брод беше нападнат денеска во близина на јужниот брег на Јемен, објавија две британски агенции за поморска безбедност. Инцидентот се случил во област каде јеменските бунтовници Хути постојано напаѓале бродови во Црвеното Море во последните месеци, соопшти британската агенција за поморска трговија УКМТО.

Како што се наведува, членовите на екипажот се живи и здрави и бродот се движи кон следната дестинација, и се додава дека инцидентот се случил пред 4 часот утринава.

Друга безбедносна агенција, Амри, објави дека брод под знамето на Маршалските Острови бил погоден со проектили во два одделни инциденти, погоден и оштетен.

Хутите денеска соопштија дека нападнале американски брод во Црвеното Море, откако поморските безбедносни агенции објавија дека биле испукани проектили кон еден брод.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж