Утрински Весник
Свет

Хутите им ветија на Русите и Кинезите дека нема да ги напаѓаат нивните бродови

Crveno More.webp.webp

Хутите од јеменското движење „Ансар Алах“ ги увериле Русија и Кина дека нема да ги напаѓаат нивните бродови, а исто така ќе им овозможат непречен премин низ Црвеното Море и Аденскиот Залив, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на сигурни извори.

„Кина и Русија постигнаа разбирање по преговорите меѓу нивните дипломати во Оман и Мохамед Абдел Салам, една од водечките политички фигури на Хутите“, соопшти американската агенција.
Како што наведоа соговорниците на агенцијата, во замена за тоа земјите можат да му дадат политичка поддршка на јеменското движење во Советот за безбедност на ОН. Сепак, не е јасно како точно ќе се манифестира таа поддршка.

Движењето Ансар Алах (Хути) почна да напаѓа бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од ноември минатата година во знак на протест против израелските акции во Појасот Газа.

Ова принуди многу компании да ги променат своите транспортни рути.

Централната команда на САД на 2 март го потврди потонувањето на британскиот товарен брод МВ Рубимар, кој беше нападнат од Хутите на 8 февруари.

Знамето на Белизе се вееше на „Рубимар“ и превезуваше околу 21.000 метрички тони ѓубриво што содржи амониум фосфат и амониум сулфат.

Неколку дена подоцна Хутите го нападнаа американскиот товарен брод „Tru Confidence“ во Аденскиот залив. Американската централна команда извести дека тројца членови на екипажот загинале во нападот.

На 10 март, „Фајненшл тајмс“ објави дека побарувачката за руски железнички товари е зголемена поради нападите на јеменските Хути врз бродовите во Црвеното Море.

Според податоците на транспортната и логистичката компанија DHL, барањата за транспорт на стоки со железница во Руската Федерација се зголемиле за 40 отсто, откако контејнерските бродови почнаа да се испраќаат на рутата околу Ртот Добра надеж во декември.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков