
Без разлика дали се служи со крекери или препечен леб, хумусот со тиква ќе воодушеви со својот кремаст есенски вкус.
Состојки:
- 400 грама излупена тиква
- 480 грама наут од конзерва
- 2 лажички сув црвен пипер
- цеден сок од 1 лимон
- 2 чешниња лук
- сол
- црн пипер
- 50 мл маслиново масло
Подготовка:
Исечете ја излупената и исчистена тиква на коцки. Ставете ги во плех за печење и печете во рерна загреана на 180 °C околу 30 минути, додека не омекне. Печената тиква оставете ја да се олади.Ставете го исцедениот наут, печената тиква, сувата пиперка, сокот од лимон, толчениот лук, солта и црниот пипер во блендер и изблендирајте додека не добиете хумус. Пред сервирање, прелијте го хумусот со маслиново масло.
Совет:
Чувајте го хумусот во фрижидер до сервирање.



