Утрински Весник
Магазин

Хуморот на Сашо Тасевски и популарниот „Силви бенд“ ги забавуваа присутните на плоштадот Делфина

Хуморот на Сашо Тасевски и популарниот „Силви бенд“ ги забавуваа присутните на плоштадот Делфина

Програмата на „Културно лето Карпош 2023“ уште една вечер на плоштадот Делфина во населбата Влае имаше приспособена понуда за сите генерации и беше збогатена со разновидни изведби од културен карактер.

dobivaj vesti na viber

Присутните на втората вечер на плоштадот Делфина најпрвин беа расположени и насмеани од актерот Сашо Тасевски, кој имаше отворен, непосреден и зајадливо искрен стендап-настап пред многубројната публика. Со својата препознатлива оригиналност и луцидност, користејќи ја слободата на говорот, Тасевски ги купи присутните на „Делфина“, кои во уште една пригода уживаа со манифестацијата „Културно лето Карпош 2023“.

Атмосферата кулминира со настапот на Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш, подобро познати како „Силви бенд“, кој уште од деведесеттите ја забавуваат македонската публика. Особената популарност ја достигнаа по макфестовскиот хит „Ангели ме носат“ по што продолжи нивната богата кариера исполнета со прекрасни перформанси и хитови.

Преку музиката со убави емоции македонското музичко дуо преку песните ги пренесе позитивните вибрации кон публиката, која беше дел од карпошовата културна манифестација. Карпошани, кои во оваа пригода го исполнија плоштадот во населбата Влае со моќниот и одличен настап на „Силви бенд“, уживаа во вечерта што личеше на едно вистинско концертно остварување. Препознатливите македонски изведувачи приредија незаборавна ноќ на плоштадот Делфина, а со своите песни ја придобија публиката, која вчеравечер беше дел од карпошовото културно лето.

Вчерашното издание на „Културно лето Карпош 2023“ помина во забавна атмосфера за карпошани, кои имаа уште една незаборавна вечер на „Делфина“ присуствувајќи на завршниот дел од оваа традиционална културна манифестација, што ја организира Општина Карпош.

Можете да прочитате

На 3-ти септември млада Месечина во Девица: Почнува време на големи промени

Нови детали за состојбата на Бора Чорба – лекарите даваат се од себе

Дали знаете за што служи точката на бројот 5 на далечинскиот управувач? Одговорот ќе ве изненади