Утрински Весник
Македонија

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија

Img 6585.jpeg

По четири години неизвесност и надеж, 52-годишен пациент кој од 2021 година се наоѓал на Националната листа за трансплантација доби ново срце и нова шанса за живот.

Веста ја соопшти Министерството за здравство, истакнувајќи дека зад успешната трансплантација стои хумана и несебична одлука на едно семејство кое во најтешките моменти од својот живот решило да подари надеж и да спаси други човечки животи.


„Четири години чекање. Еден повик и момент што промени сè. Срце што не замолчи, туку продолжи да бие“, наведуваат од Министерството.

Новото срце од денеска пулсира во градите на пациентот, претставувајќи симбол на љубов, хуманост и солидарност. Од Министерството порачуваат дека ова е уште еден доказ за значењето на органодарителството и можноста преку една одлука да се спасат повеќе животи.

„Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи. Срцето не застана. Само продолжи да бие, во градите на некој друг“, стои во објавата на Министерството за здравство.

Овој чин уште еднаш ја потврдува важноста на трансплантациската програма и хуманоста на семејствата кои, и покрај сопствената загуба, одлучуваат да подаруваат живот на други луѓе.

Можете да прочитате

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Привремен престој и лични карти за странци отсега на нова локација

Обвинителството бара притвор, осомничените нудат милионски гаранции за да го избегнат затворот