Општина Центар денеска во Паркот на Франкофонијата организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на Кара Селовска. Настанот е во организација на сите осум основни училишта и со поддршка на Општина Центар.
Кара има 12 години и е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” во Општина Центар. Поради сериозни компликации во моментов е хоспитализирана на клиниката во Барселона, Шпанија поради дијагностицирање на нејзината болест.
Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара.