Утрински Весник
Балкан

Хрватска се понуди да ја купи Нафтената индустрија на Србија

Nis naftna industrija srbije gasprom.jpg

Хрватска е подготвена да ја откупи српската нафтена корпорација НИС, објави хрватскиот министер за стопанство Анте Шушњар, според информациите на регионалната телевизија Н1.

“Нашата рака е подадена – ако тоа е решението, подготвени сме за тој чекор”, изјави Шушњар пред новинарите, коментирајќи ги американските санкции против НИС кои денес стапија во важност.


Тој потенцираше дека намената на оваа иницијатива е да се гарантира постојаност и да се заштитат економските интереси на Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), кој со НИС има соработка веќе 4 децении, “без никакви аспирации за доминација на малопродажниот пазар во Србија”. “Тоа би било од полза и за нас и за Србија”, додаде хрватскиот министер.

Шушњар напомна дека единствената српска рафинерија, во Панчево, снабдува околу 20 проценти од нафтените продукти на пазарот во Босна и Херцеговина, што претставува дополнителна тешкотија за регионот. “До крајот на месецот очекуваме модернизацијата на рафинеријата во Риека да биде завршена, со што ќе се зголемат капацитетите и ќе можеме да помогнеме на Босна и Херцеговина, а делумно и на Србија”, рече Шушњар.

Тој исто така нагласи дека Хрватска е подготвена да обезбеди доволни количини на нафта и за Унгарија, Словачка и Србија кога тоа ќе го дозволат околностите.

Можете да прочитате

Турција останува безбедна туристичка дестинација: Побарувачката за аранжмани е висока, патувањата и летовите се одвиваат нормално

На Фејсбук се појави морничава педофилска група со повеќе од 5.000 членови во соседството

23 години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ