Утрински Весник
Балкан

Хрватска, Косово и Албанија ќе произведуваат оклопно возило

D297fff5 ef6b 40d6 8101 49edecd46d23.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Косово во соработка со Албанија и Хрватска, планира да започне со производство на оклопното возило „Шота“, што би била прва заедничка програма од ваков вид на Балканот. Веста ја потврди в.д. министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедончи, наведувајќи дека разговорите со Албанија се во завршна фаза, по што договорот ќе биде проширен и на Хрватска, пишува Klix.ba.

Маќедончи, во интервју за емисијата „60 минути“, која ја емитуваше порталот Коха, изјави дека партнерите веќе постигнале принципиелен договор за заеднички развој и производство на возила со албански дизајн. Според него, производството ќе биде географски распределено, така што секоја земја ќе биде задолжена за производство на различни компоненти.

Доколку проектот се реализира, тоа ќе биде првпат три балкански земји заеднички да произведат воено оклопно возило, кое би им служи на нивните вооружени сили, но исто така би било наменето за извоз. Оваа иницијатива е продолжение на меморандумот за соработка во областа на одбраната и безбедноста што Косово, Албанија и Хрватска го потпишаа во март во Тирана, што остава отворена можност за вклучување и на други земји.

Маќедончи, исто така, нагласи дека Косовските безбедносни сили напредуваат побрзо од очекуваното, надминувајќи ги целите поставени во Сеопфатниот план за транзиција од 2018 година. Тој потврди дека Косово веќе користи системи против беспилотни летала и размислува за понатамошно зајакнување на овие капацитети.

Гледано напред, Косово планира да се движи кон целосна воена оперативна способност уште следната година, што вклучува набавка на системи за воздушна одбрана и хеликоптери. Маќедончи откри дека се во тек разговори со Пентагон за потенцијална набавка на хеликоптери, истакнувајќи дека САД и Турција остануваат главни одбранбени партнери на Косово, а соработката се проширува со Германија, Италија, Обединетото Кралство, Хрватска и Чешка.

Можете да прочитате

ВУЧИЌ ПРИФАТИ: Србија оди на предвремени избори во 2026 година

„Самоопределување“ на Курти освои најмногу гласови на изборите во Косово

Стотици илјади луѓе се потпишаа за предвремени избори во Србија