Утрински Весник
Балкан

Хорор во Бугарија: Маж ги убил мајката, сестрата и тетката, па ја запалил куќата

Bugarija.jpg

Во селото Љулјаково, општина Руан, југоисточна Бугарија, денеска се случи страшна семејна трагедија во која животите ги загубија три лица.

Според информациите на бугарските медиуми, 25-годишен маж ги убил својата мајка (47), сестра (13) и тетка (73), а потоа ја запалил семејната куќа за да ги прикрие трагите од злосторството.


Седумгодишниот брат на осомничениот успеал да избега и покрај тоа што бил ранет. Тој веднаш ја алармирал полицијата, која пристигнала на местото и го изгаснала пожарот. Во куќата биле пронајдени три јагленисани тела. Детето е пренесено во болница, каде му е укажана медицинска помош.

Насилството се случило околу четири часот изутрина, јавува порталот „Нова“. Полицијата кратко потоа го уапсила осомничениот, а Регионалното обвинителство во Бургас отвори истрага за случајот. Засега не е познат мотивот за злосторството.

Можете да прочитате

Вооружен грабеж во филијала на поштата во грчкиот град Лутраки – одземени околу 32.000 евра

Танкер во сопственост на турска компанија нападнат со дронови утрово во близина на Босфор

Детали од сведочењето на Коста Кецмановиќ, откриваат зошто не одел на училиште