Утрински Весник
Спорт

Хорхе Сампаоли нов тренер на Фламенго

Хорхе Сампаоли нов тренер на Фламенго

Бразилскиот гигант Фламенго го именуваше Хорхе Сампаоли за нов тренер. Тој доаѓа на местото на Витор Переира. Португалскиот стручњак доби отказ по сензационалниот пораз од Маринга со 0:2 во Купот на Бразил.

dobivaj vesti na viber

Договорот на Сампаоли е до крајот на 2024 година. Аргентинецот последен пат беше на чело на Севилја, но се раздели со Андалузијците на крајот на март.

Хорхе Сампаоли има искуство во бразилската Серија А, каде ги водеше Сантош и Атлетико МГ.

Викендов започнува новата сезона во Бразил, а првиот натпревар на Фламенго е на домашен терен против Коритиба.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам