Утрински Весник
Спорт

Холандските медиуми удрија по АЗ: Понижени во зафрлен дел од Источна Европа

Холандските медиуми удрија по АЗ: Понижени во зафрлен дел од Источна Европа

Фудбалерите на Зрињски направија неверојатен пресврт против АЗ Алкмар во Конференциската лига. Холанѓаните на полувреме заминаа со предност 0:3, на крајот победата им припадна на домашните фудбалери, кои во второто полувреме постигнаа четири гола.

dobivaj vesti na viber

Холандските медиуми се во шок по синоќешниот натпревар во Мостар.

„АЗ повторно беше во зафрлен дел од Источна Европа, на чуден стадион без додатоци и со мали соблекувални. Играчите сега знаат дека гостувањето на маргините на европскиот фудбал може да создаде неверојатни моменти“, пишува порталот „АД“.

„Штета беше да се загуби од екипа која беше бесмислена цели 45 минути и не можеше да го следи ритамот на натпреварот“, стои во текстот на најпознатиот холандски медиум „Де Телеграф“.

Неверојатниот пораз во Мостар, „Де Телеграф“ го нарече „Срамот од Мостар“.

Во оваа група, во Конференциската лига се натпреваруваат Астон Вила и Легија Варшава. Легија во првото коло ја победи Астон Вила со 3:2.

Фото/ vijesti.ba

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија