Утрински Весник
Свет

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Holandija 1.jpg

Апелацискиот суд на Холандија ја потврди одлуката на првостепениот суд дека Владата не смее да ги олабави правилата за асистирано самоубиство.

Холандија беше првата држава во светот што ја легализираше евтаназијата и асистираното самоубиство во 2002 година, но под многу строги услови. Тие се дозволени само со помош на лекар, кој мора да утврди дали пациентот страда „неподносливо и без изгледи за подобрување“. Лекарот треба да се консултира со друг доктор.

Здружението „Cooperative Dernière Volonté“, кое го брани правото на граѓаните да го завршат својот живот без помош на лекари или властите, поднесе тужба против државата во 2022 година, тврдејќи дека овие ограничувања го кршат правото на пациентите да изберат како и кога ќе умрат.

Сè поголем број Холанѓани избираат да бидат евтаназирани, а нивниот број во 2024 година достигна 9.958. Тоа е зголемување за 10 проценти во споредба со претходната година.

Во Холандија во случај на евтаназија лекар вбризгува смртоносен лек на пациентот, додека при асистирано самоубиство, докторот ја обезбедува смртоносната супстанција, но пациентот самиот ја зема. 

Можете да прочитате

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро

Германија ќе увезува гас од Аргентина