Поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер, по поразот на Манчестер сити од Тотенхем (1:0) се запраша дали Ерлинг Холанд го избрал вистинскиот клуб со доаѓањето на „Етихад“.
Норвежанецот постигна 25 гола на 20 натпревари во Премиер лигата, и покрај тоа „граѓаните“ не се доминантни оваа сезона и имаат пет бода помалку од лидерот Арсенал.
„Сега можеме да видиме дека Манчестер сити е сосема поинаков тим кој има постигнато ист број на голови како и Ерлинг Холанд. Тој постигна 25 гола во Премиер лигата, а другите играчи на Сити имаат речиси исто толку, но за разлика од претходните години примија повеќе“, рече Карагер и продолжи:
„Сега полесно да се игра против нив преку контри и со Ерлинг во составот овој тим сега не е толку силен, но тоа не е негова вина“.