Утрински Весник
Спорт

Холанѓаните се недопирливи – супериорна победа над Македонија во Скопје

Холанѓаните се недопирливи – супериорна победа над Македонија во Скопје

Холандија беше апсолутно супериорна и ја победи Македонија со 3:0 (25:19, 25:19, 25:16) во четвртото коло на Европското првенство во Скопје, покажувајќи дека се една од репрезентациите кои ќе одат на злато на континенталниот шампионат.

dobivaj vesti na viber

Предводени од капитенот Нимир Абдел-Азиз, Холанѓаните беа супериорни на блок, и лесно освојуваа поени за да голема победа. На почетокот на првиот сет, македонските одбојкари беа израмнети и имаа 10:9 предност, пред Холандија да направи пресврт и да поведе со три поени разлика (14:11) и лесно да поведе со 1:0.

Во вториот сет, Холандија беше уште подобра, поведувајќи со 4:1, и одржувајќи ја предноста, додека тимот на Јошко Миленковски правеше премногу грешки. И во последниот сет, холандските одбојкари го контролираа мечот, а малкуте добри потези на нашите одбојкари не успеаја да донесат резултат.

Абдел-Азиз заврши со 15 поени за Холанѓаните, додека Александар Љафтов со 14 беше најдобар во нашата репрезентација.

Веќе утре, македонските одбојкари ги чека уште еден тест, дуелот со Чешка, по кој ќе се знае конечниот пласман во групата Ц.

Фото: ЦЕВ

Standings provided by Sofascore

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо