Утрински Весник
Македонија

Хоџа: Системски го менуваме пристапот кон индустријата, построги правила и понизок праг на емисии особено во урбаните средини

Hoxha solstrom.jpeg

На денешниот брифинг со новинарите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, информираше за клучните приоритети на Министерството, со посебен фокус на борбата против загадувањето на воздухот и унапредувањето на системот за управување со отпадот.

Министерот Хоџа истакна дека транспарентноста, институционалната одговорност и работата на терен ќе бидат водечки принципи во неговиот мандат, нагласувајќи дека еколошките предизвици ќе се адресираат преку соработка со институциите, локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и граѓаните.

Во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, беше посочено дека од септември 2027 стапува на сила веќе усвоениот Закон за контрола на емисиите, кој ќе воведе построги стандарди за индустријата, јакнење на надзорните капацитети за контрола на Министерството,.

Воедно, министерот информираше за конкретни активности во областа на современото управување со отпадот, вклучително и изградбата на регионални центри за управување со отпад, со цел затворање на дивите депонии и развој на рециклирањето.

На крајот беше нагласено дека заштитата на животната средина е заедничка одговорност и дека Министерството останува целосно посветено на спроведување политики кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот и обезбедување одржлив развој, во согласност со европските стандарди.

Можете да прочитате

Четворица млади претепале обезбедувач и кршеле инвентар во кумановски локал

Македонија е рангирана на 114-то место по воена сила

Хоџа-Дрекслер: поддршката на Германија за енергетската транзиција и Зелената агенда на Балканот е клучен столб за модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем