Утрински Весник
Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

Image 2026 02 16 151149694.png

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од г-ѓа Карол Мегеванд, на која беше разговарано за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на управувањето со квалитетот на воздухот. 

На средбата беше констатирано дека во моментов се имплементираат повеќе значајни проекти насочени кон подобрување на состојбата со аерозагадувањето, но дека останува потребата од дополнителни инвестиции.

Министерот Хоџа истакна дека негова цел е системска промена во справувањето со аерозагадувањето, како клучен приоритет во неговата работа и во работата на Министерството. Тој нагласи дека долгорочните и одржливи решенија бараат силно партнерство со меѓународните институции и континуирана поддршка во спроведувањето на реформите. 

Во таа насока, Хоџа изрази подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со Светската банка, нагласувајќи дека отворената комуникација ќе продолжи и во иднина, со заедничка цел – подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните. 

Министерот посочи дека Министерството и Владата континуирано работат на унапредување на квалитетот на воздухот преку Акцискиот план за чист воздух, Програмата за периодот 2024–2030, како и преку тековните проекти финансирани преку ИПА 2 и ИПА 3. Притоа, беше истакнато дека останува потребата од дополнителни инвестиции и засилена техничка поддршка, за да се намали загадувањето и да се обезбеди чиста животна средина за сите граѓани.

Можете да прочитате

Поплави и свлечишта во Полошкиот Регион, нормализирана состојбата во Кичево, во Кумановско нема опасност од излевање на реките

Херојска интервенција: Полицијата спаси маж заглавен на тераса при пожар

Менаџер на продавница од дневниот промет си присвоил речиси 2,8 милиони денари