Утрински Весник
Магазин

Хилари Свонк го покажа трудничкиот стомак

Хилари Свонк го покажа трудничкиот стомак
Dik 300x250 mk

Бремената оскаровка Хилари Свонк се појави на црвениот тепих на „Златните глобуси“ во вторникот вечерта.

dobivaj vesti na viber

Во ексклузивна изјава за „Пејџ сикс“, Хилари (48) информира за својот напредок додека се подготвува да ги пречека близнаците за три месеци.

„Се чувствувам прекрасно, благодарам!“, рече актерката додека чекореше на црвениот тепих на 80. церемонија на доделувањето „Златни глобуси“ заедно со својот сопруг Филип Шнајдер со кого е во брак четири години.

Четирикратната добитничка на „Златен глобус“ на себе има зелен фустан до подот, со црна машна на рамената. Изгледот го комплетира со гламурозно подигната фризура и соодветни смарагдни обетки.

Двојката се бакнува на црвениот тепих додека таа го потпира стомакот со раката.

Свонк уште во октомври возбудено сподели дека првпат ќе стане мајка. „Ова е нешто што го посакував долго време. Мојата следна работа е да станам мајка“, рече таа во емисијата „Добро утро, Америка“.

„Не едно, туку две“.

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци