Утрински Весник
Скопје

Хилари Чемвено од Кенија е победник на 20. Виз Ер Скопски маратон, Ивановски го освои третото место

462192939 936826785155719 4396244909622576051 N 1068x712 1.jpg
Dik 300x250 mk

Победник на јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски маратон е Хилари Чемвено од Кенија. Тој патеката долга 42 км и 195 метри ја истрча за два часа 13 минути и 28 секунди.

Второто место го освои уште еден Кениец. Даниел Кипротич на целта стигна со време 2:13:53.

Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски го освои третото место со време 2:16:26 часа.

Чемвено е деветтиот победник од Кенија на Скопскиот маратон.

Во женската маратонска трка победи Ирине Џеруто од Кенија со време 2:37:52, пред Македонката Адријана Поп Арсова со време 2:39:38, додека трета е Вилијан Џелагат од Кенија со време

Резултати на најдобрите во двете конкуренции на полумаратонот (21 км):

мажи:
1.Хусеин Чан (Турција) 1 час 5 минути и 54 секунди
2.Мурат Емектар (Турција) 1:06:40
3.Абдурахман Гедиклиоглу (Турција) 1:09:47

жени:

1.Милица Мирчева (Бугарија) 1 час 15 минути и 49 секунди
2.Греша Бакрачи (Косово) 1:21:14
3.Џули Ларсен (Норвешка) 1:22:04

Најуспешни во трката на 5км:

мажи:

1.Гилман Јонузи 15 минути 45 секунди
2.Григоријан Никовски 15 минути 54 секунди
3.Бојан Чаприќ 16 минути и 16 секунди

жени:
1.Ирма Хајдари 18 минути 31 секунда
2.Дарија Крстевска 19 минути и 38 секунди
3.Христина Секулоска 20 минути и 37 секунди. (МИА)

Можете да прочитате

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова со директна поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат

По оставката на директорот на Комунална хигиена, скопската градоначалничка ја повика власта да назначи нов

Без вода утре шест скопски улици