Утрински Весник
Свет

Хил: Русија мора да престане да ја користи храната како оружје

Хил: Русија мора да престане да ја користи храната како оружје

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил за „Политика“ изјави дека Русија го уништува украинскиот извоз на храна на штета на луѓето ширум светот и оцени дека владата во Москва мора да престане да ја користи храната како оружје

dobivaj vesti na viber

Хил рече дека Русија мора да престане со своите сурови акции и да дозволи испорака на жито и храна, бидејќи од нив зависи животот на милиони луѓе.

Американскиот амбасадор оцени дека Русија се повлече од Црноморскиот договор за извоз на храна во време кога светот се соочува со голема несигурност во храната и дека тоа не и било доволно , таа физички ги уништила и силосите за жито и другата инфраструктура на пристаништата во Украина од кои се извезува жито.

Хил рече дека Глобалниот извештај за кризата со храна за 2023 година наведува дека 258 милиони луѓе се погодени од акутна криза во снабдувањето со храна.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп