Утрински Весник
Македонија

Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во козулатот во Битола

Bugarski Pasos 1.jpg

Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во нашиот конзулат во Битола, соопшти в.д. премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Димитар Главчев, пренесува БНР. По пријава за прекршоци во конзулатот, извршен е увид со кој е констатирана повреда од страна на вработената хигиеничарка, како и во однос на кол центарот кој закажувал за бугарско државјанство.

„Шефот на Генералниот конзулат во Битола и ја прекинал дејноста на Весна Котевска, хигиеничарката. По увид на Инспекторатот, вработената повеќе нема пристап до архивата и дејноста на конзуларната служба на претставништво“.

Ова не е единствената повреда констатирана при увидот. Главчев пријавил и за телефонски центар што го одржувала македонска компанија која обезбедувала услуги за закажување во конзулатот во Битола и во бугарската амбасада во Скопје.

„На овој начин, правно лице со нејасна сопственост доби можност да ги дознае, систематизира и архивира личните податоци на десетици илјади лица кои низ годините аплицирале за бугарско државјанство и секаков друг вид на конзуларни услуги. Телефонскиот број на кол центарот е импулсен, а цената на повиците не е објавена и има нејасна вредност за корисникот и за вработените во генералниот конзулат во Битола“. Договорот со компанијата е раскинат, увери бугарскиот премиер

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски и Љутков на Промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските

Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период, откри Тошковски

НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија температурите во пораст!