Утрински Весник
Македонија

Хероин пронајден кај затвореник

Хероин пронајден кај затвореник

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ш.(26) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, кој се наоѓал на издржување на казна во КПУ Затвор Штип, организирал и набавил хероин, кој во пакет со други продукти му бил доставен преку брза пошта во затворот, со намера да го продава.

При контрола на затворските службеници хероинот бил пронајден и одземен.

Можете да прочитате

Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството

Тешка сообраќајка одзеде живот: Почина вработен во Регионалниот ЦУК во Битола

„Металковци патуваат“ премиерно на сцената на МОБ – нова интерактивна претстава за најмладите